Општина Василево периодов реализира повеќе капитални проекти. Градоначалникот Славе Андонов ги истакна следниве активности:
Продолжуваат градежните активности на повеќенаменското игралиште во ООУ Гоце Делчев.
Деновиве на асфалтната подлога се постави акрилна боја специјална за повеќенаменски игралишта. Ова игралиште добива сосема нов лик.
Изградбата на првиот дел од фекалната канализација до Домот на културата е при крај и се очекува во месец август да се започне со изградба и на вториот дел од Домот на културата до гробиштата.
Домот на културата добива нов лик. И покрај големиот застој во градбата, успешно се покри истиот и се продолжува со активности во внатрешноста. Со изградбата на овој објект општина Василево и граѓаните добиваат место за културни настани.
Заврши тампонирањето на полскиот пат Широк пат на задоволство на сите земјоделци.
Во наредниот период ќе започне изградбата на К3 од фекален канализационен систем Василево.Проект долго очекуван од жителите на Василево.
Во Василево во наредниот период ќе се изградат и две локални улици!
Во август ќе започне,реконструкцијата на филтер станицата Ташли Баир, со што конечно жителите на Василево и другите населени места ќе добијат чиста и здрава вода за пиење!
Ќе се асфалтира улицата од црквата Успение на Пресвета Богородица до гробиштата во Василево и на истата ќе се изгради и атмосферска и фекална канализација.
Еден од важните проекти за Василево е целосната дислокација на депонијата кај големото фудбалско игралиште.
- „Сакам да споделам дека во наредниот период целосно ќе го решиме проблемот со депонијата“, информираше градоначалникот на општината, Славе Андонов.