Струмица престојната одбојкарска сезона ќе партиципира со три екипи, две во женска и една во машка конкуренција. Станува збор за екипите на Наковски Волеј и Македонија Макс во најдобрата женска одбојкарска лига, додека кај мажите преставници ќе бидат ланските вицешампиони – екипата на Струмица.
Ова значи дека престојната сезона во Струмица ќе има градско ривалство во женската одбојка и тоа меѓу девојките на Хари Наковски кои за првпат ќе се натпреваруваат во сениорска конкуренција и Македонија Макс кој има повеќегодишно искуство во најдобрата лига. Нивното прво соочување ќе биде на 8 декември во рамките на 6 првенствено коло додека Шампионатот го започнуваат на 5 ноември. Во првото коло Македонија Макс му гостува на СВСК во Куманово додека Наковски волеј дома го пречекуваат тимот на УГД од Штип. Во првата женска лига освен овие 4 екипи ќе играат и екипите на Јанта волеј од Скопје, Бами Кор и Универзитет од Тетово но и екипата на Пелистер Волеј од Битола
На 5 ноември стартува и машкиот одбојкарски Шампионат кој ова сезона ќе брои осум екипи. Струмица во рамките на првото коло го пречекува тимот на Лирија од Жеровјане. Во ова конкуренција се и екипите на Пробиштип, Шутова од Кичево,УГД од Штип, Борец од Велес, Вардар од Скопеј и Лешок од тетовско