Во Струмица се отвори инфо пункт каде младите невработени лица ќе може да добиваат информации за потребите на бизнис заедницата но и да стекнвуаат повеќе квалификации и вештини за да бидат поконкурентни на пазарот на трудот. Ана Клесова е дипломиран правник и веќе две години чека работа на својата струка но таа преку Инфо пунктот стекнала дополнителни вештини
Инфо пунктот има за цел поттикнување интерес кај младите за доусовршување, доквалификација, подобрување на вештините и можностите за вработување, со организирање на специјални обуки
Инфо пунктот ќе располага со база на информации за бизнис и граѓанскиот сектор во општина Струмица за да ги поврзе младите со овие два сектори и согласно потребите на пазарот за да се придонесе за намалување на невработеноста.
Проектот „Младите – клуч за иднината на бизнис секторот“ се спроведува во рамките на „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD“, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации