Во Струмица вакцинирани 100 лица во домашни услови
Мобилните тимови на струмичкиот здравствен дом до сега вакцинирале 100 лица во домашни услови. Овој начин на вакцинација здравствениот дом го спроведува од 1 април годинава, од кога сите стари и немоќни, но и лицата кои не се во можност физички да ги посетат вакциналните пунктови им се овозможува да бидат имунизирани во нивните домови.Паралелно со овој процес, тече слободната, но и теренската вакцинација во руралните средини во кои за 14 дена вакцина добиле над 850 граѓани.
За граѓаните вакцината е единствениот начин да се победи корона вирусот и токму затоа одлучиле да се имунизираат.