На 22-ри и 23-ти овој месец во Југоисточниот плански регион ќе се изврши второ прскање против комарци, информираат од Центарот за развој на овој регион.
На 22 јули во период од 19:00 до 2:00 часот ќе се прска во општините Конче, Радовиш, Струмица и Василево, а на 23 јули во општините Ново Село, Босилово, Валандово, Богданци и Дојран, додека, пак, за прскањето во Гевгелија дополнително ќе се одлучи.
Од Центарот ги известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат во сандаците во најавениот период.