Во Србија започнуваат да работат од денеска затворените пазари, фризерските и козметичките салони, салони за убавина, фитнес центрите и спортските сали.Сите објекти треба да ги извршуваат своите активности користејќи заштитна опрема (маски, нараквици, средства за дезинфекција), пренесе Макфакс.
Се препорачува, заради ограничувања на бројот на луѓе, активностите во овие простории да се спроведуваат само по закажан термин, со цел да се избегне собирање на повеќе луѓе во затворен простор.