По иницијатива на група граѓани, денеска во Собранието ќе се одржи седница на Законодавно-правната комисија.
Пратениците-членовите на оваа комисија ќе ја разгледуваат Граѓанската иницијатива со предлог да се донесат измени на Законот за работни односи.
Во оваа иницијатива граѓаните предлагаат да се измени породилното боледување и наместо девет да трае 12 месеци.
Иницијативата ја потпишале 217 граѓани, а е доставена преку овластениот предлагач Снежана Кузмановска.