• Fri. Nov 22nd, 2024

Во Словенија рекорден број на новозаболени од коронавирус, можен е нов карантин

Во Словенија се потврдени 238 новозаболени од коронавирус од 3281 тестирани примероци во последните 24 часа, а двајца пациенти со ковид-19 починале, објави словенечката влада.

Тоа е 17 повеќе од претходниот ден и е нов рекорден број на дневни инфекции откако беа потврдени 203 нови случаи со спроведување на 3.391 тест во вторникот.

Во моментов 86 лица се хоспитализирани поради Ковид-19, од кои 15 пациенти се на одделенија за интензивна нега, покажуваат новите податоци на Министерството за здравство.

Во последните 14 дена, во Словенија се потврдени 1812 случаи на зараза со коронавирус.

Ваквиот развој на вториот бран на епидемијата ги загрижува словенечките епидемиолози, а оваа недела владата објави изработка на план за тоа како да се дејствува во иднина доколку епидемиолошката состојба не се смири наскоро.

Владиниот портпарол Јелко Кацин ги најави овие денови мерките што ќе ги преземе во екстремна ситуација, доколку ситуацијата не се смири наскоро и доколку капацитетите на болницата бидат преоптоварени со хоспитализирани поради ковид-19. Кацин рече дека ќе се разгледа повторното затворање на движењата на границите на општините или регионите, како што беше пролетоска, во првиот бран, иако премиерот Јанез Јанша тврди дека ситуацијата сепак може да се контролира доколку сите се придржуваат до епидемиолошките мерки.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *