• Mon. Nov 25th, 2024

Во Скопје фатен затвореник што избегал од затворот во Струмица

ByЃ. K.

Jul 16, 2023

Денеска (16.07.2023) на подрачје на Центар, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода Е.А.(20) од Штип.

Тој бил баран врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Струмица поради бегство од установата.

Е.А. бил осуден на казна затвор од 10 месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет месеци од казната.

Исто така, тој бил баран поради сомнение дека на подрачје на Чаир извршил други дела по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната, соопшти МВР.

By Ѓ. K.