• Sat. Nov 23rd, 2024

Во село Митрашинци 63-годишник си чувал 2 килограми динамит

ByЃ. K.

Sep 5, 2023

Денеска, во 6 часот, во селото Митрашинци, Беровско, по добиена судска наредба од Основниот суд Кочани, извршен е претрес во домот на 63-годишниот Б. Б. во село Митрашинци, извести МВР.

„При извршениот претрес во куќата во која тој живее, пронајдени се 22 пакувања со експлозив (околу два килограма) и 9 м бавногоречки фитиљ“, соопшти МВР.

Б. Б. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

By Ѓ. K.