Во пресрет на празникот Голема Богородица во Секирник (27 август, недела), општина Босилово ќе се одржи 12-тата меѓународна „Средба на Русалии Фолклор 2023“, единствените играорци во земјата што ја негуваат и презентираат изворната традиционална игра на Македонците – бегалци од Кукуш и кукушко, поткрепени со звукот на тапанот и писокот на зурлата.
Ќе настапат КУД „Русалии“ – Секирник, Русалии „Пољаните“ – Петрич, КУД „Танец“ – Миравци, КУД „Јане Сандански“ – Неготино, КУД „Мегдан“ – Богданци, ФА „Копачка“ Драмче, АТМИ „Митко Алексов“ – Кочани.