Жрепката посака пресметка меѓу Наковски Волеј и Македонија Макс за пласман во полуфиналето од Купот на Македонија во одбојка за жени. Првиот натпревар е закажан за престојниот викенд на 18.02 а реваншот на 1 март. Ова е уште еден испит за двата тима кои создадоа градско ривалство во женската одбојка. Првиот меч го добија избраничките на Зоран Јанков и тоа првенствен. Но во Купот работите секогаш се поинакви. Првиот натпревар е закжан во сабота со почеток во 18 часот во салата на СОУ Димитар Влахов
На денешната жрепка за четвртфиналните дуели Струмица ја доби Шутова а првиот натпревар го играат во Кичево додека на 1 март во Струмица.
Според пропозициите на ОФМ четвртифналето се игра во две средби. При евентуален нерешен исход од 1:1 во победи ке одлучуваат освоените сетови а доколку е идентично тогаш поен количникот