Во пожар кој избувна вчера околу 21 часот целосно изгоре штала во селото Просениково.
Од Противпожарната служба во Струмица велат дека нема човечки жртви, а добитокот бил навреме евакуиран.
Нивни тимови со три возила учествувале во гасење на пожарот.