• Tue. Nov 26th, 2024

Во петок истекува рокот за барања за субвенции во земјоделството

Од МЗШВ потсетуваат дека на веб страната на Министерството се објавени телефонските броеви на раководителите на сите Подрачни единици со цел земјоделците да имаат можност и телефонски да побраат помош.

Уште пет дена, односно заклучно со петок (31.07.2020), земјоделците имаат рок за поднесување на барања за субвенции за Програмата за директни плаќања 2020 година. Во овој период се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади.

Исто така до крај на месецот барање за добивање на финансиска поддршка може да достават и сите кои се занимаваат со сточарско производство, односно, одгледуваат говеда, овци, кози, пчели свињи а може да се аплицира и за финансиска поддршка за заклани животни во кланица.

Барањата за добивање на финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот на веб страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk.

Оние земјоделци кои не можат електронски да поднесат барања или имаат потреба од помош при пополнување на електронските барања, можат да се обратат во Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во целата држава, кои им стојат на располагање за се што ги интересира во врска со поднесувањето на барањата, велат од МЗШВ.

Од таму потсетуваат дека на веб страната на Министерството се објавени телефонските броеви на раководителите на сите Подрачни единици на МЗШВ, со цел земјоделците да имаат можност и телефонски да побраат помош.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *