Општина Босилово и годинаva ја реализираше акцијата ,,Овошно дрвце за пластични шишиња“. Акцијата се спроведе во училишните дворови на сите населените места во Општината каде граѓаните носеа пластични шишиња а за возврат добиваа дрвца од слива, круша, праска, цреша.
,,Сите граѓани кои имаа собрано минимум 30 пласитчни шишиња добиваат овошна садница по избор. Поделени се околу 1200 садници а нашите проценки дека се собрани околу 16 тракторски приколки со пластични шишиња. Ова акција има за цел да се зголеми јавната свест кај граѓаните за селекциј ана отпад но и да не се фрлаат пластични шишиња насекаде бидејки пластиката не најголем загадувач.,, изјави градоначалникот на Општина Босилово Ристо Манчев.