Алпинистичкиот клуб ,,Скала“ од Струмица ја стави во функција вештачката карпа во ООУ,, Видое Подгорец“ каде учениците но и лубителите на адреналин ќе може да ја користат за усовршување на техники за искачување.
На првиот отворен ден на вештачката карпа во ООУ „Видое Подгорец“ беше присутен и првиот човек на Струмица Костадин Костадинов кој подвлече дека Струмица добива уште едно катче каде младите ќе можаат да се дружат со спортот отколку да бидат пасивни.
,,Давајќи го својот влог во здравиот живот на младите, упатувам апел што помалку време да поминуваат со телефоните и пред компјутерите, а повеќе да ги има на спортските терени коишто ги имаме доволно во нашата Општина. Да бидеме физички активни и да го развиваме масовниот и индивидуалниот спорт. Така си помагаме себе си и на заедницата во којашто живееме“, објави градоначалникот Костадинов.