• Sat. Nov 23rd, 2024

Во неколку наврати се палат депониите во Гевгелија и Негорци

Гевгеличани загрижени заради палењето на депониите во нивната општина. Изминатата недела во неколку наврати се палени депониите во Гевгелија и Негорци. Градоначалникот Сашо Поцков за гевгелиската локална телевизија Нова изјави дека ги вклучиле протипожарните единици но и користат дополнителна помош и знаења за справување со пожарите, бидејќи депониите се специфични поради различниот отпад што таму се депонира.

„Не е вообичаено за овој период. Запалена е депонијата, но не е само депонијата по течението на реката Вардар е запалена и депонијата кај Негорци“, рече градоначалникот Поцков.

Тој рече дека човечки фактор е причина за сите пожари кои биле десетина во текот на изминатиот период, и дека полицијата ги бара сторителите. Тој порача да се престане со неодговорно однесување бидејќи ќе има сериозни санкции.

„Ги разбирам граѓаните од нашиот град и општина бидејќи има дим и непријатна миризба, но ние реагираме и за кусо време ги ставаме пожарите под контрола. Проблемот е што повторно се палат, но засега нема опасност од ширење, навреме се реагира. Ќе има дим уште некој ден, а потоа ќе биде во ред“, изјави Поцков.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *