На кружниот тек кај ,,Бурчо’’ кој своевремено бил земјен спортски терен подигнаа табла со имињата на сите 200 спортисти и спортски работници што ги дала струмичката населба Бабјак – Чифлик. Станува збор за фудбалери, ракометари, одбојкари, боксери, но и тренери кои оставиле белег не само во македонскиот спорт туку и пошироко.