• Fri. Nov 22nd, 2024

Во Мексико откриени најголемите подводни пештери

Научниците дојдоа до сензационално откритие во Мексико. Станува збор за досега најголемите подводни пештери кои можат да откријат информации за древните цивилизации.

Група нуркачи откриле две поврзани подводни пештери во Источно Мексико за кои се верува, за кои се верува дека се најголемите поплавени пештери во светот.

Како додаток, ова откритие можеби ќе послужи да се откријат и нови информации за древната цивилизација на Маите. До откритието дошло преку прокетот Gran Acuifero Maya, чија цел е истражување и зачувување на подземните води на полуостровот Јукатан, а од проектот велат дека системот пештери долг 347 километри е откриен по месеци истражувања.

Пештерите се отркиениво близина на туристичкото место Тулум, а откриле дека Sas Actun  е цел систем од пештери, за кој се верува дека е долг 260, поврзан со 83 км долгиот Dos ojos.

-Ова сјајно откритие ни овозможува да ги изучуваме и ритуалите, светилиштата, како и големи претколонијални населби чии остатови се наоѓаат таму, изјавил Гиљермо де Анда, подводен археолог од тимот.

На полуостровот Јукатан се наоѓаат многу остатоци од цивилизацијата на Маите, чии градови биле поврзани со подземни води, преку сложен систем на отвори во земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *