• Fri. Nov 22nd, 2024

Во Македонија ќе има вакцини за 1,2 милиони граѓани

вакцини против ковид-19

Преку Ковакс-механизмот ќе добиеме 833.000 дози вакцини за над 400.000 граѓани. Покрај овие, ќе добиеме 800.000 дози од директната спогодба со „Фајзер“, како и 800.000 преку третиот, солидарен механизам – отстапување одреден процент од вакцините што ги набавуваат земјите членки на ЕУ.

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека вчера со писмо е најавено дека првите вакцини од околу 833.000 дози преку Ковакс-механизмот е можно да стигнат на крајот на јануари или на почетокот на февруари и согласно со спремноста на нашиот здравствен систем за нивно аплицирање, нашата земја би била меѓу првите што ќе ги добие вакцините преку овој механизам.

Според нивното писмо, како што рече, станува збор за вакцини од „Фајзер“, а следна која доаѓа предвид, рече министерот, е вакцината на „АстраЗенека“.

Фото: EPA-EFE/MARK HERMENAU / HANDOUT HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

– Освен најавата дека е можно да стигне одредена количина на крајот на јануари или почетокот на февруари, нема најава за точна количина, како што нема ни една земја од Ковакс-системот. Очекуваме тоа да биде следниот чекор – изјави Филипче одговорајќи на новинарски прашања.

Тој рече дека сме аплицирале со сите документи во однос на спремноста – со анализата и евалуацијата на нашиот систем направени со Светската здравствена организација.

– Аплициравме да бидеме во првата група земји коишто би ги примиле вакцините, согласно со спремноста на нашиот систем во однос на чувањето на температура на -70 степени, дистрибуцијата и практичната апликација преку центрите за здравје, односно здравствените домови. Крајниот рок за апликација е 18 јануари, тогаш сите земји, според евалуацијата на СЗО кои се спремни, може да аплицираат. Останува да видиме кога точно би пристигнала пратката – рече министерот.

Преку Ковакс-механизмот ќе добиеме 833.000 дози вакцини за над 400.000 граѓани. Покрај овие, ќе добиеме 800.000 дози од директната спогодба со „Фајзер“, како и 800.000 преку третиот, солидарен механизам – отстапување одреден процент од вакцините што ги набавуваат земјите членки на ЕУ.

Филипче додаде дека со вакцините од сите механизми ќе бидат вакцинирани 1,2 милиони граѓани во земјава, што е речиси 60 проценти од населението колку што е потребно за да се постигне колективен имунитет, според сегашните проценки.

извор: Плусинфо

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *