На денешните парламентарни избори во Бугарија, бугарските државјани можат да гласаат и на 7 избирачки места во Македонија. Иако на последниот попис кај нас, нешто над 3.000 се декларираа како Бугари, а бугарските власти тврдат дека се над 100.000, сепак бугарската изборна комисија официјално објави дека за гласање во Македонија се пријавени 181 граѓанин, објави Телма
Во Битола во Генералниот конзулат гласаат 8 лица, во Охрид има 7, во Велес 42 , Скопје 9, Штип 2, Струмица 22, Кавадарци 45 и најмногу 46 бугарски државјани со право на глас во Прилеп.