• Fri. Nov 22nd, 2024

Во Македонија вакцинирани над 500.000 граѓани, две дози примиле над 200.000

Во државата вкупно се аплицирани 529.445 дози вакцини против коронавирус, а ревакцинирани се 219.061 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 310.384 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.940 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.628 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 529.445 дози вакцини, а ревакцинирани се 219.061 граѓани“, велат од МЗ.

Со последните бројки, 52 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 49% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 42% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.  

Од Министерството велат дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 466.451 граѓани.

извор: makfax

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *