Во последните 24 часа, во Кина се регистрирани осум нови случаи на вирусот Ковид 19, а сите нови случаи се поврзани со патувања во странство, соопштија денеска здравствените власти на таа земја.
Забележани се и 18 асимптоматски случаи, кои Кина не ги вбројува во официјална статистика, пренесува „Ројтерс“.
Од појавата на вирусот, во Кина заболеле вкупно 85.322 лица, додека починале 4.634 лица.
извор: lokalno.mkhttp://lokalno.mk