Во Ињево вчера се одржа Фолклорен Изворен Фестивал “ГАЈДА“ 2024 год., на кој учествуваа дванаесет уметнички друштва и фолклорни ансамбли од Република Македонија, кој го негуваат изворниот фолклор и песната. Фестивалот беше со посебна програма, а започна со дефиле низ улиците на Ињево.
Како и секоја година, фестивалот традиционално го отвори првиот состав на домаќинската група „Ињевска Гајда“, а за крај се одржа заедничка езгија на сите гајдаџии кои учествуваа на фестивалот.