Европскиот институт за родова еднаквост на голема врата заедно со министерството за труд и социјалана политика и Државниот завод за статистика со пристап за развој на Национална стратегија за родова еднаквост.Денеска е направена и првата средба помеѓу чинителите за понатамошен развој.
Индексот за родова еднаквост претставува единствен сложен индикатор којшто ја одразува многустраната реалност на родовата еднаквост. Со пресметката на Индексот на родовата еднаквост за Република Македонија би добиле клучен индикатор за мерење на родовата еднаквост. Исто така, со овој индикатор би правеле споредба со ЕУ и со нејзините земји членки по однос на родовата еднаквост, имајќи предвид дека европските лидери го насочуваат фокусот кон оваа проблематика и преземаат мерки, воведувајќи нови законски одредби за да ја намалат нееднаквоста.
За таа цел, Европскиот институт за родова еднаквост остварува консултации за понатамошна соработка во развивањето и унапредувањето на родовиот Индекс.
Се очекува во иднина при развојот на стратегијата за Националниот индекс да бидат вклучени повеќе субјекти кои ќе допринесат за правилен развој и концизни податоци при обработката на индексот.