Наковски Волеј со 3:2 во сетови забележа победа против Пелистер волеј од Битола во натпревар кој имаше драматична и неизвесна завршница.
Домакинките дуелот го започнаа мошне лошо. Приемот не функционираше ниту пак нападот. Сето тоа го искористија гостинките од Битола кои со 25:15 и 25:17 поведоа со 2:0. Откако се мислеше дека Пелистер волеј ќе дојде до првата победа во Шампионатот, одбојкарките на Наковски волеј се разбудија. Возвратија во следните два сетаа. 25:18 и 25:11.
Во петиот одлучувачки сет струмичанки добро почнаа но дозволија битолчанки да се вратат во игра за победа израмнувајки 14:14. При овој резултат гостинската одбојкарка Симоновска сервираше во аут додека што предизвика негодување кај клупата на Пелистер а во следниот напад домакинките беа посигурни на мрежа за 16:14 за конечни 3:2 во сетови.
По дуелот неслужбенио лице од гостинскиот табор не задоволен од судењето во финишот од натпреварот, им се нафрли на судискиот тандем Попов-Василевски по што мораше да интервенира полицијата