Во наредните три години ќе се гради фекален и атмосферски канализационен систем во Градско Балдовци откако министерството за транспрот и врски склучи договор со струмичката фирма Жикол во вредност од милион и 376 илјади евра. Договорот е склучен деновиве и се чека градежната фирма во наредниот период да ги отпочне работите за изведба на системот. Жикол го доби тендерот откако на јавната укција понуди најниска цена. Тие понудија 71 милион денари без ддв за да ги заврши сите работи согласно техничката спецификација, Констурктор понуди милион денари поскапа понуда додека третата фирма Вардар Градба 102 милиони денари без ДДВ