• Fri. Nov 22nd, 2024

Во Гевгелија четири економски оператори ќе примаат и ќе испорачуваат нарачки за прехранбени артикли за време на забраната за движење

gevgelija

Четири супермаркети го  прифатија повикот на Општинскиот кризен штаб – Гевгелија да го организираат снабдувањето и доставата на најнеопходни прехранбени артикли на граѓаните во времето, кое со последните мерки на Владата на РСМ, е забрането движење на граѓаните. Овие супермаркети ќе примаат и испорачуваат по телефон нарачки од граѓаните за прехранбени артикли, почнувајќи од денеска – среда, четврток и петок, од 16 до 20 часот, како и во сабота и недела, од 10 до 18 часот. Супермаркетите ќе одредат доставни служби со свои вработени кои ќе ги примаат нарачките на дежурните  телефони и ќе ги испорачуваат на доставената адреса.

              Покрај Гевгелија, организирано снабдување и достава на прехранбени артикли за време на забраната за движење ќе има и во Миравци, во продавницата „Холивуд“ и во „Тас-Ком“ во Мрзенци кои се јавија на повикот на Општинскиот кризен штаб. Доколку има и други економски оператори кои сакаат да се вклучат во организираното снабдување и достава на прехранбени артикли за време на забраната за движење, можат да се пријават во Општина Гевгелија, на телефон 072 227 158.

Дежурни телефони:

„Солун 53“                – 071 341 592, 072 249 566, 071 392 701

„Сортита “                  -078 202 666

„Гушев Маркет’        – 070 218 452

„Года“                       – 071 226 666

„Холивуд“- Миравци – 076 377 599

„Тас-Ком’ -Мрзенци  –  071 566 000

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *