• Wed. Nov 27th, 2024

Во Гевгелија прославен Денот на Царинската управа

dav

Денот на Царинската управа – 14 април денес беше одбележан во Царинарница Гевгелија, во присуство на директорот на Царинската управа на Република Северна Македонија, Ѓоко Тасоски, градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков и бројни други гости. Во своето обраќање директорот на Царинска управа Ѓоко Тасоски го потенцираше значењето и успешното работење на Гевгелиската царина, но, и стратегиската цел да се олесни трговскиот промет преку границата. По Преспанскиот договор ќе бидеме свидетели на конкретни олеснувања на овој план, што ќе ни овозможи да го унапредиме воспоставениопт партнерски однос со деловната заедница.
Честитајќи им го празникот, градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков упати благодарност за соработката со Царинската управа. Претстојниов период, по потпишувањето на Преспанскиот договор со Република Грција и започнатите подготовки за влез во Европската унија, е посебно значаен. Заради прилагодување во работењето кон европските правила и подобрување на односите со нашите први соседи. Од друга страна, за локална самоуправа, се отвораат можности за поголем пристап кон европските фондови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *