Општина Гевгелија, по пат на електронско јавно наддавање, ги продаде сите 10 огласени градежни парцели за станбени куќи од кои по пет се наоѓаат во населбите ,,Моински пат” и ,,Караорман”.
Електронската аукција на која учествуваа 39 заинтересирани купувачи,стартуваше со почетната цена од 61 денар за метар квадратен и заврши со продажни цени на парцелите од 750 до 2230 денари за квадрат,соопштија од Комисијата надлежна за водење на постапката за јавно наддавање.
Од продажбата на парцелите кои се наоѓаа на градежно земјиште во сопственост на државата,Општина Гевгелија во сопствениот буџет инкасираше над 5,6 милиони денари.
Општина Гевгелија огласи за продажба и една градежна парцела за станбена зграда во населбата ,,Моински пат” по почетна цена од 2570 денари од квадрат.Пријавувањето за учество на јавната аукција трае до 31 мај,а електронското наддавање ќе се одржи на 2 јуни,потврдија од Комисијата за водење на постапката.