• Fri. Nov 22nd, 2024

Во Гевгелија почна акција за донирање компјутери на ученици од социјално ранливите категории

ByВане Трајков

Apr 29, 2020
gevgelija

Во договор и координација меѓу директорите на основните училишта и општина Гевгелија, почна акција за донирање персонални компјутери на ученици од социјално ранливите категории кои од дома ќе можат да следат онлајн настава во услови на вонредна состојба

Марија Костадинова директорка на основното училиште „Климент Охридски“ од Миравци веќе на шест ученици им донираше компјутери и упати апел до сите фирми да се вклучат во хуманата акција за да можат што повеќе деца од социјално загрозени семејства да добијат компјутер.

– Моментно ги задоволивме потребите само на шест семејства со ученици опфатени во основното образование но ако во акцијата се вклучат повеќе општествено одговорни компании ќе можеме да донираме компјутер за секој ученик од социјално загрозено семејство кое има деца од различни возрани групи,а треба да следат настава за различен степен на образование, рече Костадинова за МИА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *