• Sat. Nov 23rd, 2024

Во вторник ќе има корекции н адел од замрзнатите цени, најави Бектеши

Ќе поскапат некои од производите со замрзнати цени оти поскапел увозот. Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека во вторник следната недела ќе има корекции на некои од цените откако утврдиле дека увозниците пријавиле поскапи цени во Царинската управа.

„Колку се зголемени цените на увозот на одредени производи  процентуално ќе се зголеми и цената која е замрзната. Ако има намалување на цените кои се прикажани во Царинската управа, процентуално на тоа намалување ќе се намали и цената на тој производ. Ако е истата, ќе остане истата. Генерално нашиот увоз е од  Грција, Труција, Албанија и од Србија и повикувајќи се на новите цени кои се пријавуваат во Царинската управа, следниот вторник Владата ќе ги ревидира замрзнатите цени. Ќе има кај одредени производи многу мало зголемување, како највисока цена на овие производи, но никако нема да има во малопродажба цени како пред десетина дена кога се движеа околу 130 – 140 денари па отидоа и до 150 и погоре. Цена на овошје и зеленчук за производите кои беа наведени во одлуката, нема да има поголема од 100 денари, за што дополнително ќе ја информираме јавноста“, рече министерот Бектеши.