,, Во вторник. Мислам дека веќе имаме подготвен матријал на правните аспекти. Знаете лично бев со граѓаните, концесионерите, еколошките здруженија за да извлечеме максимум на сите аспекти. Ние сме Влада и секако најважно за нас е што тоа граѓаните зборуваат но истоврмено важни се и правно формалните аспекти. Ако биде се завршено, одлуката ке ја донесеме во вторник ако не следниот вторник. Одлуката треба да ја донесе Владата. Јас не би коментирал претходно оти ке излезам отпосле за да јаобразложам донесената одлука со сите нејзини детали. Но отприлика знаат и граѓаните и концесионерите, правно формалните можности не се исполнети,, рече премиерот Заев денес во Скопје