Вчера напладне од страна на полициски службеници кон патен премин „Табановце“ после бензинската пумпа на автопатот кај мостот, било забележано комбе со струмички регистарски ознаки управувано од И.Н.(35) од Гевгелија.
При преглед на возилото биле пронајдени 21 лице-мигранти сите од Бангладеш. Возачот бил приведен и заедно со лицата-мигранти се донесени во СВР-Куманово за понатамошна постапка, соопшти МВР.
извор:makfax