• Fri. Nov 22nd, 2024

Во Валандово утре ќе се одржи референдум за изградба на рудници – треба да излезат минимум 5200 валандовчани за да биде успешен

ByВане Трајков

Aug 19, 2017

Во Валандово утре ќе се одржи референдумот на кој жителите од оваа општина треба да кажат дали сакаат да продолжи или да запре работата на рударскиот комплекс Казандол, и дали да се отворат новите рудници за метални минерални суровини.

Во општината која има нешто над 10 000 жители со право на глас, за успешен референдумот е потребно утре да излезат најмалку 5.200 граѓани, . Референдумското прашање гласи „Дали сте за или против отворање рудници и рударски комплекси за металични минерални суровини на територијата на Општина Валандово“ и ,,Дали сте за или против продолжување со работа на рударскиот комплекс Казандо. Се гласа со заокружување на „ЗА“ или „ПРОТИВ“.

Валандово е четвртиот град каде што ќе се одржи референдум. Жителите на Гевгелија, Богданци и Дојран веќе се изјаснија против отворање рудници, а најавени се уште два референдуми во Ново Село и Босилово, за рудникот Иловица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *