• Fri. Nov 22nd, 2024

Во Валандово започна традиционалната ликовна колонија „Валандово 2019-та

Во Валандово започна традиционалната ликовна колонија „Валандово 2019-та“ во организација на Домот на културата „25-ти мај“. Колонијата во општина Валандово се организира по дваесет и четврти пат, започнувајки од 1996-та година и има меѓународен карактер.

На колонијата ќе учествуваат ликовни уметници од Р. Бугарија, Р. Турција, Шведска, Р. Албанија, Р. Србија, Р. Косово, како и уметници од нашата држава кои деновиве ќе творат на неколку локации во градот.

Учесниците на колонијата ќе сликаат во техника акрил на триесетина платна. Насликаните ликовни творби по завршувањето на колонијата ќе останат во сопственост на Домот на култура “25-ти мај” – Валандово. Ликовната колонија ќе трае до 29.06.2019 година (сабота).

Во текот на утрешниот работен ден, Градоначалникот на Општина Валандово, ќе организира прием за четиринаесетте ликовни уметници кои годинава учествуваат на колонијата во Валандово, со цел да им посака успешни и креативни денови во Валандово и изрази благодарност за учеството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *