• Sat. Nov 23rd, 2024

Во Богородичната црква (Нотр Дам) е крунисан Наполеон, Виктор Иго и го посвети еден од најзначајните историски романи во светската литература

По Ајфеловата Кула, Нотр Дам со 12 милиони посетители беше најпосетувано место и симбол на Париз. Црквата псветена на Богородица е втора најпосетувана во Европа по базиликата Свети Петар во Рим.

Јованка Орлеанка како светица

Била место на значајни историски настани. Така Наполеон на 2 декември 1804 година бил крунисан за цар, а во оваа црква е извршена и беатификацијата на Јована Орлеанка.

Крунисувањето на Наполеон Бонапарта

Маса народ се собра околу црквата и по смртта на претседателот Шарл Де Гол, Жорж Помпиду и Франсоа Митеран.

Пред девет години се случи и шокантен настан, кога во близина на олтарот се самоуби францускиот писател и историчар Доминик Венер, близок на екстремната десница.

Виктор Иго и’ го посвети целиот историски роман: „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“, кој доживеа успех веднаш по објавувањето во 1831 година. Оттогаш генерации читаат за љубовта на грбавиот ѕвонар Квазимодо и убавата циганка Есмералда.

Виктор Иго, авторот на Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз

Изградбата е започната во 12 век, а низ годините цркавта честопати е реставрирана. За време на Француската револуција, Нотр Дам била девастирана, опљачкана и оштетена и дури во 1801 година повторно се одвиваат црковните активности.

Нотр Дам, изградена на островот Сите, на Сена

Гробиштата пред црквата се сметаат за „нулта точка“ на цела Франција, и од таа точка се смета оддалеченоста на сите места во земјата. Во самата црква се наоѓа реликвија на Исусовата круна, како и парче од Исусовиот крст.

Во црквата се наоѓаа најголемите оргули во Европа, а катедралата е посветена на Богородица, изградена на еден од двата природни острови на реката Сена, Сите.

Туристите можеа да се кажуваат на камбанариите од чии врвови се пружаше панорамски поглед на градот. Кулата е изградена во 1860 година а прозорците во внатрешноста се раскошно нацртани со слики од стариот завет и прикази на Исус со апостолите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *