• Fri. Nov 22nd, 2024

Во Богданци продолжува прекинатиот форумски процес Во Богданци продолжува прекинатиот форумски процес |

По застој од пет месеци, предизвикан од пандемијата со коронавирусот, Општина Богданци денеска најави дека во соработка со УНДП ќе го продолжи форумскиот процес за зајакнување на општинските совети во чии рамки до сега се одржа една сесија и една работилница за развивање концепт проекти. Со почитување на протоколите за организирање настани и почитување на мерките за заштита на здравјето, втората сесија ќе се одржи на 6 август во холот на основното училиште „Петар Мусев“ во Богданци, каде ќе бидат презентирани концепт проекти од првата сесија предложени од граѓаните.

-Поаѓајки од секојдневните потреби на децата во градинките и училиштата, до сега предложени се проекти за уредување и опремување на кабинети по природни науки, катче за спорт и рекреација, опремување на медиатеки, поставување на летна сцена во Домот на културата во Богданци, опремување на кино сала во Стојаково, опремување на административни простории на месните заедници и поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, велат од општината.

Посочуваат дека покрај овие и сите останати кои ќе бидат предложени на претстојните три сесии, граѓаните на крајот од форумскиот процес сами ќе одлучат кои од предложените проекти ќе бидат реализирани со фондот од 50.000 швајцарски франци што го обезбедува Швајцарската агенција за развој и соработка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *