ДИК соопшти, за престојните локални избори во југоистокот има 7 независни листи за советници и четири листи за независни кандидати за градоначалници. Изборната комисија утврдила дека сите подносители ги собрале потребните потписи за да влезат во официјалната трка за освојување на локалната власт. Интерес за независнни советници и градоначалници има дури во пет општини од југоистокот и тоаво Богданци, Валандово, Гевгелија, Дојран и Радовиш. Предничат Радовиш и Дојран каде има по некоолку листи со собрани потписи и за двете локални функции
Во Богданци – независна листа за советници како подносител има доставено Митко Мишев
Во Валандово – како независен кандидат за градоначалник планира да трча Стојан Манолев професор по физика инаку силен граѓански активист против отварање рудници во Валандово
Во Гевгелија – независна листа за советници има поднесено Томе Ќичуков
Во Дојран – листа за советници без партиска обоеност има поднесено Светислав Чибулев . Таму има пријавено и двајца кандидати за независни градоначалници и тоа Тони Ајцев и Снежана Манева
Во Радовиш – има повеќе листи и тоа за советници како независни. Таму ДИК констатирала дека во трката за освојување советничко место може да конкурираат листите на Игор Петков,Азан Исмаилов, Горан Поцев и Сали Алиов. Таму може како независен да трча и Јуре Ѓеоргиев
Според изборните правила сите овие кандидати може да влезат во трката за освојување на довербата на граѓаните на престојните локални избори. Своите кандидатури треба да бидат доставени во ДИК најдоцана до 14 ти септември
Еве ја листата на независни во цела Македонија
Список на независни кандидати за членови на совет и градоначалник