По повод престојниот христијански празник ,,Спасовден,, во населеното место Ангелци ќе се одржи турнир во мал фудбал. Турнирот се организира втора година по иницијатива на поранешни фудбалери и фудбалски работници од ова населено место. Според информациите котизацијата за учество на турнирот изнесува 2500 денари и може да настапуваат екипи од целата држава. Екипите може да борјат до 10 играчи плус џокер за полуфиналните натпревари. Пријавувањето на екипите се врши на 072 277 187 кај Александар, 078 639 576 кај Кико и 078 334 729 кај Трајче до 23 мај. Како што истакнаа организаторите најавени биле доста силни екипи на овој турнир а за најдобрите три екипи ке има парични награди а за најдобрите поединци пехари и медали. Инаку сите натпревари од овој турнир во мал фудбал ,,Спасовден 2016,, во Ангелци ќе се играат на повеќенаменското игралиште под рефлектори. Турнирот го подржа и општина Василево и градоначалникот Ванчо Стојанов.