• Fri. Nov 22nd, 2024

Вонредна состојба во цела Унгарија заради бегалската криза

By

Mar 9, 2016 #Свет

Унгарската влада ќе ја прошири вонредната состојба на подрчјето на целата земја заради бегалската криза, пренесува АП повикувајќи се на министерот за внатреши работи Шандор Пинтер.

Пинтер рекол дека овие мерки, вклучувајќи ги и дополнителните полициски и воени патроли за да се спречи влегувањето на бегалците во земјата, се потребни бидејќи не е сигурно што ќе сторат бегалците кои не можат да влезат во земјите на Европската унија.

Унгарските власти прогласија вонредна состојба во неколку жупании долж границата со Србија и Хрватска и на тој начин значајно го намалија бројот на бегалци кои влегоа во земјата на патот кон Германија и другите земји од западна Европа.

Пинтер рекол дека се уште нема потреба од подигање на ограда кон границата со Романија бидејќи властите на таа земја дале ветување дека ќе го спречат влегувањето на бегалците во Унгарија преку заедничката граница.

Унгарската полиција во вторникот уапсила 127 бегалци кои влегле во земјата преку оградата на границата со Србија, наведува агенцијата.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *