• Fri. Nov 22nd, 2024

Вода за наводнување од брана Иловчанка нема да се пушта

ByВане Трајков

Aug 11, 2021

Заради намалениот водостој во браната Иловчанка, водостопанското претпријатие Струмичко поле донесе одлука да ја стопира водата за наводнување на земјоделските површини во атарите на Иловица и Штука а земјоделците да се приклучат на системот за наводнување од брана Турија. Ваквата одлука ја донесе за да се задржат минималните резерви со вода за водноснабдување на жителите од овој систем, на кој се приклучени домакинствата од седум населени места

Првиот човек на АД Водостопанство подружница Струмичко поле Лазар Ѓеоргиев ги замоли жителите на населените места од овој сиостем рационално да ја користат водата без да се полеваат градини, дворови и обработливи површини. Вели дека дневно се трошат 2 000 кубни метри вода. Во Јуни преку филтер станицата се пторошени 45 илјади кубни метри а овој месе се очекува многу повеќе

Ѓеоргиев истакна дека останатите брани се во добра кондиција со вода за наводнвуање на обработливите површини. Единствено вода за наводнување ќе нема од Иловчанка за да има вода за водоснабдување на населените места од овој систем

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *