• Sun. Nov 24th, 2024

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за собранискиот спикер Џафери

ByВане Трајков

May 26, 2022

Откако вчера нешто по 22 часот почна кавгата меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и собранискиот спикер Талат Џафери, заради заклучените врати на собраниската сала кога требаше да се утврди колку пратеници се присутни и кој е пријавен за збор, денеска опозициските пратеници го обвинија дека направил кривично дело, го загрозил слободното движење на пратениците и ги прекршил Уставот и Деловникот. Заради овие причини од ВМРО-ДПМНЕ најавија интерпелација за работата на Џафери.

Собранискиот спикер тврди дека Деловникот му дава право да воспостави ред на седниците.

Прозван за собраниските случувања беше и премиерот Димитар Ковачевски. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека тој се плаши јавно да го осуди Џафери за последните постапки, премиерот пак одговори дека не можеа да се меша во законодавната власт.

Според координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески опозицијата прави скандал со намера да предизвика инцидент, а за затворањето на врати за Канал 5 вели дека е вообичаена пракса да нема влез и излез од салата додека се пребројуваат пријавените за збор, став кој се совпаѓа и со објаснувањето од Кабинетот на Џафери до медиумите. Од таму велат дека Деловникот дозволува можност за затворање на вратите на салата на барање на претседателот на Собранието или на еден пратеник поддржан од најмалку десет пратеници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *