Од полноќ преминот Стар Дојран е затворен. За влез и излез во Грција само на Богородица кај Гевгелија. Грчките власти одлучија да ги зголемат рестриктивните мерки за заштита од пандемијата со КОВИД – 19, па од денеска се затворени сите премини со земјата освен Богородица.
Транспортерите вчера изразија сомнеж дека е можно да се создаваат гужви зља влез и излез бидејќи транспортниот сообраќај не е намален во овој период.
Од граничниот премин Богородица, пак, велат дека ќе се преземат мерки за надминување на ваквите ситуации затоа што ќе се отворат терминалите коишто воообичаено с екористат за патничкит сообраќај. Според командирката на граничната полиција, Јасмина Аврамска, нема да има долги застои и чекања за транспортерите.