• Sat. Nov 23rd, 2024

Влада: Просечната нето плата во јануари порасна на 29.980 денари

ByВане Трајков

Mar 23, 2022
исплата пензии, пари

Согласно најновите податоци на Државниот завод за статистика во јануари 2022 година исплатената нето-плата по вработен, изнесува 29.980 денари. Во споредба со просечната нето-плата за месец јануари 2021 година, зголемувањето е за 1.708 денари или за 6%.

Согласно статистика, зголемувањето се должи пред сѐ на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13.9 %), Други услужни дејности (13.8 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11.0 %).

Податоците на Државниот завод за статистика го потврдуваат трендот на раст на платите кој е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата.

Доколку последниот податок го споредиме со јануари 2017 година кога просечната плата била 22.750 денари, разликата е 7.230 денари.

Владата продолжува со засилена динамика, да носи мерки во интерес на граѓаните. Минималната плата е зголемена на 18.000 денари, а пензиите доживеаја историски највисок раст. Со новите методологии кои Владата ги утврди и за платите и за пензиите, тие ќе продолжат континуирано да растат.

Дополнително, согласно статистика, невработеноста во четвртото тримесечје од 2021 година е на најниско ниво во независната економска историја и изнесува 15,2%.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *