На денешната 153-та седница, Владата донесе одлука за одобрување средства од тековниот буџет во износ од 5.000.000 денари, за спроведување на мерки за намалување на аерозагадувањето и намалување на високите концентрации на PM10 и PM2.5 во Општина Струмица, кои ќе бидат наменети и за приклучување на Јавната здравствена установа „Општа Болница“ Струмица на градскиот гасовод.
Со оваа интервенција ќе се намали аерозагадувањето во градот, бидејќи болницата сега се загрева со нафта, со што ќе бидат остварени дополнителни заштеди откако нафтата ќе биде заменета со поевтино и еколошко гориво.