• Fri. Nov 22nd, 2024

Вишиот управен суд ги отфрли жалбите за Еуромакс, останува на сила одлуката на Управниот суд

Граѓанското движење „Здрава котлина“ попладнево објави дека Вишиот управен суд ги поништил жалбите и одлучил во корист на Еуромакс, односно останува на сила одлуката на Управниот суд од март годинава. Во својата реакција, Здрава котлина вели:

„Вишиот управен суд донесе конечно решение со кое се одбиваат сите жалби и останува на сила пресудата на управниот суд. Со таа пресуда се поништува одземањето на дозволата за експлоатација на Еуромакс Ресурси и се наложува најпрво да се реши спојувањето на двете концесии, па дури потоа да се одлучува за одземање на дозволата за експлоатација.Со одземањето на дозволата за експлоатација се доведува во прашање и одлуката за одземање на концесијата а Еуромакс Ресурси се враќаат во игра повторно.На потег е Владата и Министерството за економија. Овој развој на настани, заедно со сигналите што ги добиваме од свиркачи укажуваат дека почнуваат да бидат видливи ефектите од моќни лобисти кои се вклучени во помолна игра на штета на интересите на граѓаните и локалната заедница.Во оваа констелација сега веќе има логика и засиленото темпо на ПР глупости во претходниот месец на Еуромакс Ресурси со цел да прикаже некаква поддршка на терен. Од сето погоре наведено излегува дека не можеме да бидеме сигурни и заштитени освен ако самите не се избориме за тоа на терен. Како и за се друго во животот. Хиените и вошките од различен калибар се повторно на хоризонтот и се чини дека судирите се неизбежни. Затоа и ние почнуваме со планирање и подготовки за масовни активности во текот на цела 2021 година. Уморни сме од политички ветувања, позадински трзалици и камелеонски тактики. Време е да му се стави крај на ова еднаш засекогаш. Или сте со народот или сте против него. Не може округло па на ќоше. Ако е неопходно нека биде и радикално сценарио со ужасен пример и опомена за сите во иднината. Народот е притиснат од сите страни за секакви егзистенцијални проблеми па уште и рудник на смртта му фали. Очигледно 2021 ќе биде експлозивна година кога народниот гнев ќе се истури врз сите што упорно си го бараат“, велат од граѓанската организација за одлуката.

Еве ги решенијата на Вишиот управен суд

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *