На хрватската граница бил откриен прехранбен производ произведен во Србија со високо ниво на канцероген акриламид.
Како што е потврдено од европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна, високо ниво на акриламид е откриено во чипсот со вкус на пиперка, произведен во Србија.
Производот, како што пренесуваат медиумите во соседствот не влегол на хрватскиот пазар и истиот бил уништен.
Земјата на пријавување е Хрватска, а известувањето се однесува на Хрватска и Србија, јавува „N1“ Загреб.
Акриламидот најчесто се наоѓа во леб, помфрит, чипс, житарки за појадок, бисквити, крекери и кафе.
Според хрватската агенција за храна, се проценува дека присуството на акриламид во храната може да го зголеми ризикот од развој на рак кај сите возрасни групи.