• Fri. Nov 22nd, 2024

Викендов во Струмица завршниот турнир од Евро сребрената лига

Пет победи во шест натпревари за македонската одбојкарска репрезентација во групата А во европската Сребрена лига е конечниот епилог по двата одиграни турнира, во Струмица и во Шлагелсе (Данска).

Успехот е дотолку поголем што во конечната табела, црвено-жолтите имаат само еден пораз, 15 бода и вкупен сет-количник од 15-6, што е најдобар резултат од сите полуфиналисти годинава. На фајналфор-турнирот во Струмица викендов, покрај Македонија, се пласираа и Данска, како втора во групата А, и селекциите на Унгарија и на Хрватска, како најдобри од групата Б.


Остварена е уште една цел, но за конечна, а тоа е злато во Сребрената лига, потребни се уште две победи. По трите сребрени (во 2015, 2016 и во 2017 година) и едниот бронзен медал (2014-та), Македонија, предводена од селекторот Никола Матијашевиќ, е на прагот да го освои тронот во ова натпреварување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *