Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков вчера попладне го посети штандот на Школото за веронаука и Фондација Елеуса на Новогодишниот базар на Градскиот плоштад во Струмица.
Владиката потоа присуствуваше на музичката проба на хорот и оркестарот за традиционалниот Бадникарски концерт што ќе се одржи на 6 јануари 2024 година, а го организира Фондација Елеуса со поддршка на Општина Струмица.